Lessons learned


SunSharing Lessons learned


e-Learn section / materials

Select language:


Извештај за моменталната состојба на правна и економска рамка за соларни енергетски заедници и иницијативи за групно финансирање во Северна Македонија


Guidebooks


Guidebook MK

Preporuke_barijere EZ-Makedonski

Events

Best practice examples

BEST PRACTICES IN SOLAR PV ENERGY COMMUNITIES BEST PRACTICES IN CROWDFUNDING FOR THE SOLAR PV PROJECTS

CDI Macedonia

Име на заедница
CDI Македонија
Датум на основање
Заедницата е формирана во 2023
Број на членови
Заедницата има вкупно 49 членови
Структура
Здружение на граѓани со генерално собрание, одбор и директор.
Правно лице
Заедницата е базирана на здружението на граѓани CDI Македонија. Постојната законска рамка (март 2024) не овозможува регистрирање на енергетски заедници.
Локација
Општина Брвеница
Извор на енергија
Фотоволтаичен генератор
Инсталиран капацитет
12 kW
Енергетска активност
Сопствена потрошувачка на зградата на здружението на граѓани.
Краток опис
CDI Македонија започна со формирање на енергетска заедница како одговор на зголемените трошоци за електрична енергија за канцелариите на здружението. Заедницата не е правно регистрирана, бидејќи не постои правна форма што го овозможува тоа во Северна Македонија во март 2024 година. Меѓутоа, за време на формирање на заедницата, воочени беа повеќе предизвици и беа стекнати искуства кои се вредни за други слични иницијативи. Затоа, CDI Македонија одлучи да формира Мрежа на енергетски заедници, со цел да се олесни трансферот на знаење со други иницијативи и да се поддржи демократизацијата на енергетскиот сектор. Од 2021 година, CDI им помогна на 5 други заедници да обезбедат кофинансирање на инвестиции во соларна енергија.
Влијание и придобивка
  • Прв практичен обид за формирање на енергетска заедница во Северна Македонија;
  • Искуствата за недостатокот на законска рамка имаат корисни пораки за носителите на политики;
  • Иницијативата за формирање Мрежа на енергетски заедници може да го забрза споделувањето искуства

Media


Изградба на интегрирана соларна фотоволтаичка електрана во Бревница