Lessons learned


SunSharing Lessons learned


e-Learn section / materials

Select language:


Извештај за моменталната состојба на правна и економска рамка за соларни енергетски заедници и иницијативи за групно финансирање во Северна Македонија


Guidebooks


Guidebook MK

Preporuke_barijere EZ-Makedonski

Events

Best practice examples

BEST PRACTICES IN SOLAR PV ENERGY COMMUNITIES BEST PRACTICES IN CROWDFUNDING FOR THE SOLAR PV PROJECTS

Hyperion

Име на заедница
Хиперион
Датум на основање
Хиперион е енергетска заедница формирана во 2020 година во Атина.
Број на членови
160 члена
Структура
Физички лица, компании и 2-3 невладини организации.
Правно лице
Формирана согласно Закон 4513/2018 како урбана задруга.
Локација
Атина, Грција.
Извор на енергија
Еден фотоволтаичен генератор со капацитет од 499 kWp лоциран во регионот Стимфалиа, Општина Сикионија, Коринтија.
Инсталиран капацитет
499 kWp.
Енергетска активност
Производство и споделување енергија преку виртуелно нето-мерење. Хиперион придонесува кон ублажување на енергетската сиромаштија со тоа што значителен дел од енергијата што ја произведува ја дава на 9 домаќинства коишто живеат во енергетска сиромаштија, една социјална кујна и културен центар за имигранти. Во иднина заедницата планира да ги прошири своите активности кон нудење на балансни услуги на електроенергетскиот систем.
Краток опис
Хиперион е енергетска заедница основана како задруга во 2020 година во Атина. Се состои од 160 членови и е отворена за нови членови, кои се воведуваат кога има нов проект што ќе биде финансиски поддржан. Новите членови се воведуваат со издавање на новата лиценца за производство на електрична енергија (од обновливи извори). На почетокот заедницата имала 40 членови кои работеле на ФВ систем со номинална моќност од 80 kWp. Но, овој проект бил одбиен поради недостаток на капацитет на дистрибутивната мрежа. Подоцна, заедницата успешно аплицирала за поголем ФВ генератор од 499 kWp на друга локација и затоа нејзиното членство се зголемило на 160 члена. Конечно, важно е да се напомене дека дел од енергијата произведена од овој ФВ систем ќе се користи за ублажување на енергетската сиромаштија.
Веб-страница: https://hyperion-community.gr/en/
Влијание и придобивка
  • Подигнување на свесност и зајакнување капацитети,
  • Пренос на знаење и вмрежување со клучни локални чинители (организации, универзитети и енергетски заедници од Грција и странство)
  • Активно учество на граѓаните во енергетска заедница
  • Ублажување на енергетска сиромаштија

Media


Members of Hyperion energy community