Lessons learned


SunSharing Lessons learned


e-Learn section / materials

Select language:


Извештај за моменталната состојба на правна и економска рамка за соларни енергетски заедници и иницијативи за групно финансирање во Северна Македонија


Guidebooks


Guidebook MK

Preporuke_barijere EZ-Makedonski

Events

Best practice examples

BEST PRACTICES IN SOLAR PV ENERGY COMMUNITIES BEST PRACTICES IN CROWDFUNDING FOR THE SOLAR PV PROJECTS

Green Hrastnik

Име на заедница
Зелен Храстник
Датум на основање
2022
Број на членови
22
Структура
16 домаќинства, две компании, Општината Храстник и два општински објекти (јавен базен и основно училиште) се членови на задругата. Сите членови се сопственици на фотоволтаичен генератор и истовремено корисници на енергијата што тој ја произведува.
Правно лице
Задруга
Локација
Општина Храстник, Словенија.
Извор на енергија
Фотоволтаичен генератор
Инсталиран капацитет
300 kWp
Енергетска активност
Споделување на енергија: Преку виртуелно нето-мерење енергијата од фотоволтаичните панели се користи за задоволување на сопствената потрошувачка на членовите на заедницата, т.е. членовите плаќаат за нивната реална потрошувачка минус енергијата што ја произведува генераторот.
Краток опис
Енергетската задруга Зелени Храстник претставува пионерска иницијатива водена од заедницата во Словенија, чија цел е промовирање на одржливо користење и производство на енергија. Задругата, замислена како соработка помеѓу локалната самоуправа на Храстник, невладина организација за одржлив развој Фокус и граѓаните на Храстник, претставува добар пример за имплементација на зелени енергетски практики. Иницијативата доведе до значително намалување на јаглеродниот отпечаток и промовирање на одржливи извори на енергија, заедно со нудење на економски заштеди преку долгорочно намалување на трошоците за енергија, при што инвестицијата во фотоволтаичниот генератор се враќа за помалку од една деценија. Визијата за иднината на Зелени Храстник вклучува проширување на нивниот модел на проекти за обновлива енергија заснована на заедницата низ Храстник и потенцијално пошироко. Успешното спроведување на нивниот проект за „соларни училишта“, кој служи како модел за соларна енергија во заедницата, отвора можности за слични иницијативи во иднина.
Влијание и придобивка
  • Прва граѓанска иницијатива за споделување енергија во Словенија;
  • Членството на задругата е разновидно;
  • Проектот има висок потенцијал за репликација;
  • Најмалку шест општини во Словенија го следат овој пример;
  • Широка медиумска покриеност во Словенија и регионот.

Media


Кров на училиштето во Храстник


Сместување на фотонапонската електрана во соседството на Храсник