Lessons learned


SunSharing Lessons learned


e-Learn section / materials

Select language:


Извештај за моменталната состојба на правна и економска рамка за соларни енергетски заедници и иницијативи за групно финансирање во Северна Македонија


Guidebooks


Guidebook MK

Preporuke_barijere EZ-Makedonski

Events

Best practice examples

BEST PRACTICES IN SOLAR PV ENERGY COMMUNITIES BEST PRACTICES IN CROWDFUNDING FOR THE SOLAR PV PROJECTS
Genervest tool Križevci Gabrovo Solarna Stara

Gabrovo

Име на иницијативата
Задруга Габрово базирана на јавно-приватно партнерство
Датум на почеток и крај на кампањата
16.11.2023 – 22.01.2024 (9 дена пред крајниот рок)
Број на инвеститори
73 инвеститори
Структура
67 физички лица и 6 компании.
Локација
Габрово, Бугарија
Извор на енергија
Фотоволтаичен генератор
Инсталиран капацитет
99,5 kW, два соларни инвертори по 50 kVA
Енергетска активност
Споделување енергија. Депонија Габрово: Постојан потрошувач - сепараторска постројка. Придобивка од намалување на мрежарината за дистрибутивната мрежа преку склучување договор со трговец со енергија и снабдување со други општински објекти. Обврска на општината да инвестира во обезбедување на дозволи и проектирање.
Краток опис
Општина Габрово, заедно со EnEffect и со поддршка на меѓународната иницијатива ТАНДЕМС, сакаше да создаде енергетска заедница (во формат конзистентен со Директивите на ЕУ и барањата на националното законодавство). Во таа насока, тие покренаа иницијатива за групно финансирање за инвестиција за изградба на ОИЕ (180.000 лева). Беше објавена јавна покана до поединци, локални власти, општини, невладини организации и мали или средни претпријатија за приклучување кон заедницата, што се случи во две фази - во првата фаза, поканата беше отворена само за учесници регистрирани на територија на општина Габрово, а во втората фаза процесот беше отворен за сите други региони во државата. Финансиското учество на физички и правни лица беше помеѓу 500 и 5.000 лева.
Влијание
  • Иницијативата ја подигна свеста за колективно финансирање и енергетски заедници
  • Преку вклучување на граѓани и поддржување на соработка во заедницата, иницијативата поткрепиla локално инвестирање во проекти кои се од специфична важност за локалната заедница.

Media


Локација на депонијата во Габрово